ГЕВГЕЛИЈА

Екипите на скопската фирма „Зотокс“, која го доби тендерот за годинешното третирање против комарци, спроведен од Југоисточниот Плански Регион, го изврши првото ларвицидно прскање, и тоа со расфрлање гранулати на местата жаришта претходно утврдени од страна на Општина Гевгелија, на кои се смета дека постои присуство на ларви од комарци, речиси на 10 хектари на подрачјето на Гевгелија.
– Како што е веќе познато, годинашното третирање против комарци е во рамките на Југоисточниот Плански Регион, со одлука тоа да биде по земјен пат. Односно, ќе следуваат уште една ларвицидна дезинсекција и три адултни третирања против комарци (теристички аеросолни дезинсекции против возрасни комарци со УЛВ-метод) на подрачјата на десетте општини – велат во Општината.
Во согласност со препораките од центрите за јавно здравје за навремено прскање против комарци и со следење на препорачаните интервали, годинава третирањето и прскањето почнаа порано, за да се зголеми ефикасноста, да се добие најдобар резултат од овој процес и да се заштити здравјето на граѓаните од овој регион.