Само во еден ден 20.03. од страна на полициските службеници од Кичево, извршени се 60 акциски контроли врз возила, претежно, за превоз на патници. Од овие возила на дополнителен технички преглед се упатени 24 возила. Кај две од нив биле констатирани неисправности и истите се исклучени од сообраќај.

По овие но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот, полициските службеници издале 2 платни налози.

-Акциските контроли беа спроведени со цел подигнување на степенот на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата –истакна потпаролот, Стефан Димоски.

З.А.