Во рамките на одбележувањето на 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар денеска ги додели националните волонтерски награди, признание кое е востановено од 2006 година.

Ова високо признание е доделно на „3Д Принт Медицинска опрема“ поради иницијативата која ја започнаа во март годинава, за изработка и донација на заштитни маски со визири, заштитна опрема од вирусот ковид-19. Екипата ентузијсти на граѓанското здружение покажаа што значи хуманост, поддршка на тие кои имаат потреба во најтешките моменти, заштита на личното и грижа за сеопштото јавно здравје. Тие обединија повеќе од 22.000 граѓани, институции, компании… од цела држава, од кои околу 200 граѓани активно се вклучија во акцијата и до овој момент изработија и донираа повеќе од 47.000 визири ширум Македонија. Тие ја вратија вербата дека мала група на луѓе може да обедини цел мехнизам на граѓани и навистина да направи голема промена, стои во образложението за наградата.

– Овој гест дополнително не мотивира нас и сите останати волонтери да се потрудиме, да помогнеме колку што можеме. Секоја иницијатива кон подобрување на ситуацијата е од големо значење за медицинскиот персонал како и за луѓето кои се погодени од пандемијата – велат иницијаторите на волонтерската иницијатива „3Д Принт Медицинска опрема“. М.М.