Фото: Зоран Антоски

Она што зимата го пропушти во нејзиниот ударен период, како да сака да го надомести во пролет. Така, утринава жителите на село Дреново-Бродско, ги пробуди зимска идила создадена од снежната белина. Мештаните беа по малку изненадени но и задоволни што ќе има повеќе вода а и природата нема предвреме да се пробуди. 

– Со зимата никогаш нема шега, а карактерот на природата често е непредвидлив. Така, иако деновиве се бележеа летни температури од над 20 степени и започнаа да цветаат овошките, уринава бевме изненадени. Наместо сочевина и топло пролетно време, дочекавме снежна белина и вистинска зимска идила во средината на март.

Во нашиов регион не е новина ако во март паѓа снег, но последниве неколку години снежните врнежи беа сѐ послаби и речиси ги немаше. Ова што се случи утринава е малку невообичаена појава – вели Боро, жител на село Дреново.