Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јули се бележи денеска на реката Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид во Скопје, кај Велес, Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Брегалница кај Берово и Штип и на Црна река кај Новаци.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Крива река кај Крива Паланка и на Црн Дрим кај Ложани.

Водостоите на Охридското и Препанското според денешните мерења, се во рамки на просекот. Минимално зголемување има на водостојот на Дојранското Езеро.