Речиси двојно повисоко е нивото на реката Пчиња кај Катлановска Бања, а скоро седум пати пониско од просекот е нивото на Црн Дрим кај Ложани, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Зголемување за 33 сантиметри бележи и Вардар кај Демир Капија, а намалувања на нивоата има уште на Црна кај Новаци, Крива Река кај Крива Паланка и Вардар кај Јегуновце и Зајчев Рид.

Нивоата на останатите реки се во рамки на просекот за јуни.

Охридското езеро, пак, е 14 сантиметри над дозвоелниот максимум, а на Дојранското 15 сантиметри над договорениот максимален водостој.