Во врска со наводите изнесени на денешната прес-конференција на сопстевникот на приватната болница „Плодност“ во Битола, прим. д-р Таше Трпчевски, со официјално соопштение се произнесе Општина Битола.

Општина Битола остана доследна на ставот дека законот важи за сите, што се
потврдува и во начинот на кој општината реагираше во случајот со ПЗУ „Плодност“.
Во тој контекст, издавањето на управен акт, во случајот одобрение за градење, после утврдена неправилност, би било кривично дело. Од страна на Општина Битола, експедитивно брзо и во рамките на законските рокови е водена целата постапка, се до воочувањето на неправилноста, по што се преземени сите законски мерки и согласно истите е постапено.

Од страна на инвеститорот, не се испочитувани законските одредби од законот за градење, а истиот најверојатно токму од таа причина, пристапи кон одложување на најавениот прес закажан за 26.4, со образложение дека е потребно да обезбеди дополнителна документација. Напротив, инвеститорот изминатиот викенд работел на градежни активности-отстранување на бесправната градба. Истото е констатирано на терен при извршениот вонреден инспекциски надзор.

Случајот со ПЗУ „Плодност“ за Општина Битола е јасен, и со истиот општината нема понатаму да ја оптоварува јавноста, затоа што во државата постојат соодветни институции на процесирање. Законот е јасен, а пред него сме еднакви сите. Инвеститорот е добро запознат со постапките кои произлегуваат од законот, кои требаше да претходат, како и оние кои треба да следуваат. Општина Битола, како и во претходните укажувања кон инвеститорот и понатаму е отворена за соработка и советодавна поддршка за спроведување на постапката во законски рамки, се вели во официјланата реакција на Општината Битола. М.М.