Вработените од ЈКП „Комуналец“ Прилеп денеска продлжија со засадување на дрвја на потегот позади споменикот Жена борец, во паркот-шума на Могилата на непобедените. Според инфромациите од надлежните засадени се дрвја од видот црвен даб, јавор и бела бреза.

Со оглед на тоа што поголемиот дел од дрвјата на Могилата застаруваат, потребно е нивно обновување, но и зголемување на зеленилото.

За напролет, ЈКП „Комуналец“ планира нови рекреативни и забавни содржини во паркот, како и збогатување на хортикултурата. Ка.М.