Битолчани, кои ќе одлучат Новата 2020 година да ја дочекаат заедно на плоштадот „Магнолија“, највеселата ноќ ќе је дочекаат без некои познати музички и естрадни ѕвезди.

Пред полноќ, Новата 2020 година на битолчани ќе им ја честита Зарина Првасевда, која битолчани можеа да ја запознаат за првпат на прославата на 4. ноемри, Денот на ослободувањето на Битола.

Инаку локалата власт во Битола, која од почетокот на својот мандат се определи на штедливост, за дочекот на Новата година не планира да организира прослава со познати музички ѕвезди.

Покрај Зарина Првасевда на „Магнолија“ ќе настапат диџеите Рикардо, Кон Тру и Фанк Д Ап Бенд. Ина

Новогодишната програма ќе почне да се реализира на 29 декември со детската театарска претстава „Дружината на Лајко сезнајко и Дедо Мраз“, а во текот на првиот програмски ден за најмладите ќе бидат одиграни и претставите „Налутениот Дедо
Мраз“, „Новогодишни случки“ и „Новогодишна Сајбер збрка“.

Според информации на Нова Македонија за Новата 2020 година голем број битолчани ќе заминат во Скопје каде ќе го следат настапот на мега-популарната ѕвезда Дино Мерлин.

М.М.