Денеска во Битола официјално почна да се гради нова детска градинка, која ќе се наоѓа во близина на ОУ „Климент Охридски“.

Претставници од Министерството за труд и социјална политика, изведувачот на градежните работи и надзорот на проектот, денес беа воведени во работа за изградба на новата детска градинка во Битола, лоцирана наспроти училиштето „Св. Климент
Охридски“.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, од страна на лицата задолжени за реализација на проектот, на самата локација беше запозната со планот за работа, изгледот на објектот и неговите содржини.

Новиот објект, како дел од Јавната општинска установа детски градинки „Мајски цвет“ од Битола, ќе биде со површина од 810 метри квадратни и ќе згрижува околу 150 деца, организирани во неколку воспитни групи. Вредноста на градежните зафати за градинката е во висина од 56.650.000 денари. М.М.