Фото: В.М.Младеновска

Од денеска започнува електронската апликација за пријавување на сите студенти кои се на додипломски студии запишани во втора и повисоките години на факултетите и се заинтересирани за сместување во судентски домови во студиската 2019-2020 година, најави денеска на прес-конференција директорката на Студентскиот дом „Кочо Рацин” Битола, Соња Карапец.

– За студентите запишани во прва година електронското пријавување за сместување во студентски домови ќе започне од 9 септември и ќе трае до 16 септември. Сите потребни документи за аплицирање на конкурсот се наоѓаат на станицата на Министертсвото за образование и наука, а може да се аплицира и на интернет страницата www konkursi.Mon.gov.mk. Студентскиот дом „Кочо Рацин” Битола и службите во него стојат на располагање преку целиот летен период за доставување на документацијата со соодветни совети -информираше директорката Карапец.

Студентскиот дом „Кочо Рацин” располага со капацитет од вкупно 385 легла. Студентите можат да се сместуваат во четири блока од кои еден е целосно реновиран од минатата година.

-Бевме во план да реновираме уште еден блок но добивме известување од Владата дека се предвидени средства за реновирање на сите студентски домови во кои сме вклучени и ние. До крајот на оваа година точно ќе знаеме колкава ќе биде инвестицијата од Владата за целосно реновирање на Студентскиот дом „Кочо Рацин” во Битола- додаде таа.

М.М.