Со отворањето на изложбата „Кулест дед пипл“ (Најкул мртви луѓе) на графичкиот дизајнер и илустратор Кристина Карапеоска, денеска во Битола стартуваше 19. издание на фестивалот „Битола отворен град“ Поради пандемијата со ковид-19 годинава на фестивалот на музичката сцена ќе настапат исклучиво македонски музичари.

На 19. издание на „Битола отворен град“ кое ќе трае од денес до сабота. Утре вечер во 21 часот на античкиот локалитет Хераклеја ќе настапат бендовите „Pluto’s Doubts“,„Фолтин“ и „Суперхикс“. В сабота во Пациото на Заводот и Музеј Битола ќе се одржат концертите на „Вел“, а Мугер Фугер заедно со Горан Трајковски, кој ќе го презентираат најновиот албум. Фестивалот почна за првпат почна да се одржува од 2002 година, а во изминатите 18 изданија организирани беа над 200 културни настани со учество на повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји во светот.

– Интеркултурната соработка е белегот на фестивалот, но во услови на пандемија, карантини, изолација моравме да направиме еден напор за саморефлексија. Ќе се фокусираме на македонските уметници, музичари, да им дадеме поддршка, да ја промовираме македонската уметност и музика, а мегдан за другите култури се надевам дека ќе имаме на јубилејното идно фестивалско издание следната година – рече Златко Талески, извршен директор на МКЦ.

Концертите ќе се одржат по сите протоколи за заштита од ковид-19.

– Да се организира фестивалот во вакви околности на ковид-19 е навистина голем предизвик. Билетите се беплатни, но со онлајн регистрација зашто бројот на присутни ќе биде ограничен поради пандемијата и мерките за заштита – рече Сашо Додовски, директор на МКЦ кој го организира фестивалот.

М.М.