Стартуваше втората фаза од ревитализацијата на една од најзначајните сообраќајници во Кавадарци која ја има функцијата на обиколница на градот. Оперативата на фирмата изведувач работи на отстранување на стариот асфалт од „Северен булевар“.

Втората фаза за овој капитален проект предвидува реконструкција на вкупно 900 метри од улицата и тоа на потегот од спојот со булевар „Никола Минчев“ до спојот со улица „Шишка“ кај Општа болница –Кавадарци.

Изведбата е на градежната фирма „Бетон“ од Скопје додека финансиските средства се обезбедени со долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци и тоа преку потпишување на договор за под-заем со Министерството за финансии. Средствата се обезбедени со проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој.

Ми.М.