Со поставување на камен темелник беше означен почетокот на изградбата на системот за наводнување на Равен-Речица кој ќе можат да го користат земјоделците од општините во полошкиот регион.

По изградбата која е предвидена да трае до 2023 година е предвидено наводнување на околу 3250 хектари земјоделско земјиште кое се протега на подрачјето на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.

Претставниците на централната и локалната власт ја потенцираа важноста која има за системот за подобрување на состојбата со наводнувањето и помошта кон земјоделците со цел да имаат поквалитетно производство.

-Водостопанските проекти ќе значат доволно вода и поголеми приноси и зголемување на земјоделското производство и развој на локалната средина – истакна премиерот Зоран Заев.

-Системот за наводнување е клучен предуслов за развојот на земјоделството и производството на здрава храна. Со тоа ќе се создадат услови за поквалитетни земјоделски производ-рече надлежниот министер Љупчо Николовски.

Вкупната вредност на овој модерен систем за наводнување изнесува скоро 15 милиони евра .

-Во првата фаза за период од 60 месеци ќе се гради главниот цевковод. Во меѓувреме ќе се работи од наредната година на техничката документација за втората фаза која предвидува разгранување на мрежата, односно цевководот – рече министерот Николовски.

Земјоделството е еден од најважните економски сектори во Полошкиот регион, а се смета дека опфаќа скоро 12% од бруто домашниот производ.