На задоволство на граѓаните започна изведбата на долгоочекуваниот водоводен систем во населеното место Сушица. Изведбата на водоводниот систем ќе биде финансирана преку средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и буџетот на општината Ново Село. Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 22.318.475 денари со ДДВ.