Фото: Зоран Антоски

Во Кичево беа измерени 857 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во 14 часот, иако грејната сезона уште не е официјално започната.

– Уште денес имаме проблеми со дишењето предизвикано од нечистиот воздух во нашиот град. Што ли ќе се случи кога ќе дојде зимата и кога сите ќе почнат да ложат, од самата помисла не фаќа страв. Високото аерозагадување помага и во ширењето на ковид-19 и затоа во нашиот град не чека исклучително тешка и неизвесна зима – се пожалија група постари пензионери кои ги затекнавме пред една од банките, каде што чекаат ред за да платат струја и вода. З.А.