Струмица

Општина Струмица ја заврши изградбата на атмосферскиот канал во населеното место Габрово. Каналот е со должина од 360 метри, а надлежните велат дека со реализацијата на овој зафат се решил проблемот со атмосферските води во селото.
Месното население нема да има веќе проблеми по секој обилен дожд, бидејќи атмосферските води ќе течат преку каналот и нема да прават штети на нивните имоти.

Како што информираат од Општина Струмица, во населеното место Градско Балдовци исто така во завршна фаза е реализацијата на проектот,,Улица со шеталиште“.
– Се довршува поплочувањето на тротоарот на улицата, а откако ќе се финализира сето тоа, на површината на тротоарот ќе бидат поставени 16 клупи. Во рамките на сите овие активности е планирано и асфалтирањето на улицата во должина од еден километар – велат од Општина Струмица.