„ЕЛЕМ Турс“ ДООЕЛ – Скопје и Ски-центарот „Попова Шапка“ ги информираат сите љубители на скијањето дека вчера заврши ски-сезоната во нашиот најголем скијачки центар.

Најавуваат дека во претстојниот период, особено за велигденските и првомајските празници и во летниот период, хотелот „Славија“ (120 легла) на вљубениците во планините и природата им нудат пакет аранжмани за престој и користење на дополнителните содржини.