Делницата од патот Страгово - Крњево е најкратката врска на Кавадарци со Бошавијата

Кавадарци

Точно според планираното заврши асфалтирањето на последната делница од локалниот пат Страгово – Крњево. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ заврши со поставувањето на завршниот слој асфалт на последните метри од реконструираниот патен правец.

– Оваа делница е најкратката врска на Кавадарци со Бошавијата. Со нејзиното целосно асфалтирање се заокружи значаен проект на локалната власт во напорите на заживување на овој некогаш исклучително витален регион, богат со природни ресурси. Во последната фаза беа опфатени проширување, тампонирање и асфалтирање на последните 1.600 метри од патот. По асфалтирањето, останува уште доуредувањето на пропустите, по што во наредните денови се очекува и предавање во употреба на оваа патна делница -појаснуваат од Општина Кавадарци.

Надлежните велат дека сега од Кавадарци до селото Крњево, преку Ладно Долче и Страгово, ќе се патува по проширен и асфалтиран пат, многу побезбедно и побрзо.