Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година.

Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различен за секој вид риба.

Забраната за вршење риболов во период на мрест е предложена од концесионерите за да се овозможи природен мрест на рибите.

– Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување непречен природен мрест на рибите, врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони – велат од МЗШВ.