Поради врнежи од снег забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, Маврово-Дебар и Тетово – Попова Шапка.

Јавното претпријатие „Македонијапат“ соопшти дека на патниот правец Тетово – Попова Шапка забрана е воведена и за автобуси, а за сите останатите возила е задолжителна употребата на зимска опрема.