Вчера во П.С. Кичево е пријавено дека В.Н.(40) од село Другово, пријавил дека претходниот ден околу 13 часот бил нападнат од куче-скитник. При извршениот преглед во Општата болница во Кичево, потврдено е дека му се нанесени повреди на долните екстремитети, односно во пределот на левата потколеница.

Ова не е прв случај во оваа општина граѓанин да биде нападнат од куче скитник. И покрај преземените мерки за нивна кастрација и ставање чипови, сепак поради дотур на нови кучиња од соседните општини, нивниот број е во пораст.

Зоран Антоски, Кичево