И покрај тоа што денеска во Битола наврнаа големи количини на снег, сепак Широк Сокак е чист и без снег.
За тоа придонесе што денеска оваа пешачка улица „се чистеше“ со нанесување на посебно еколошко средство против мрзнење и наталожување на снег.

На тој начин снегот се стопи, па така главната улица во Битола, популарниот Широк Сокак остана чист и без снег. Граѓаните на Битола беа пријатно изненадени од ваквиот начин на чистење на снегот.

М.М.