Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид од утре почнуваат со превентивни активности за подигнување на јавната свест за поголема одговорност и подигнување на степенот на сообраќајната култура во сообраќајот.

Во рамки на активностите, предвидени да траат до 14 овој месец, ќе се реализираат настани од едукативен и превентивен карактер.

Активностите почнуваат утре со велосипедско дефиле „Дојди на точак во 10“ со учество на велосипедисти од клубовите од Охрид и граѓани рекреативци, низ улиците во централното градско подрачје.

Целта на манифестацијата е едукација и подигнување на сообраќајно-безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на совеста за одговорно учество во сообраќајот, особено кај ранливите категории, како и севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот.