Берово

Еднократна парична помош по 2.000 денари годинава ќе добијат првачињата што во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во двете основни училишта ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и ООУ „Никола Петров Русински“ во Берово. Исто толкава сума ќе им следува и на учениците од прва година средно образование што своето школување ќе го продолжат во ОСУ „Ацо Русковски“.

– Ова е нова мерка што Општина Берово ја спроведува во рамките на Програмата за социјална заштита за 2020 година. За успешно спроведување на оваа активност, при запишувањето на учениците од прво одделение и прва година средно образование, истите тие е потребно да достават фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите. Потврдата за запишан ученик во учебната 2020/2021 година ќе биде обезбедена од училиштата – велат од Општина Берово.