Во Делчево референдумското гласање тече без нарушувања. Во 15 часот согласно новодобиените информации од општинската изборна комисија 3.451 гласач го остварил своето референдумско право.

Во Делчево по ново направениот пресек од информациите кои пристигнуваат од вкупно 36 гласачки места, од општинската изборна комисија велат дека до 15 часот своето референдумско право го оствариле 3.451 граѓанин со право на глас.

Во проценти од вкупно 14.721 гласач досега излегле 23,4 проценти од граѓаните кои согласно избирачкиот список можат да го остварат своето право на глас, рече претседателот на општинската изборна комисија во Делчево, Владимир Петровски.

Во избирачкото место 582 во Делчево од 577 гласачи до 15 часот излегле 165 гласачи.

– Гласањето се одвива без проблеми и досега не се забележани нарушувања на референдумскиот процес. Процентуално во избирачкото место 582 досега се изјасниле 29,7 проценти, истакна Маја Вирчанска, член на избирачко место 582.

Во Делчево се гласа на 36 избирачки места, а како што истакнаа од Општинската изборна комисија поголем одѕив се очекува во попладневниот дел од денот.