Излезеноста до 13 часот во општина Струга е 12,81 отсто, а во Вевчани околу 16 отсто, соопштија општинските изборни комисии.

Од регистрирани 60.169 гласачи во Струга, на 101 избирачко место своето гласачко право го оствариле 7.701 лице. Своето уставнио право на референдумот го оствариле и 333 вевчанци од 2.038 вевчанци пријавени во Избирачкиот список.

Претседателката на Општинската изборна комисија во Вевчани Параскева Гогоска – Кукоска за МИА информира дека гласањето тече мирно, без нерегуларности и попреченост.

Во Струга пак, забележан е транспарент во близина на избирачко место во селото Мислешево, како и фотографирање со мобилен телефон од тераса во зграда во близина на избирачко место во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во градот. Полицијата преземала мерки за расчистување на случаите, а лицата што фотографирале се викнати на распит во Полициска станица.