Фото: Васка М. Младеновска

Во рамките на свеченостите по повод 28 август, Денот на рударите, денеска во Рударско енергетскиот комбинат „Битола“, сидникалната организација донираше средства за отворање на електронски едукативен центар за дијабетeс во Битола.

– РЕК „Битола“ во рамките на средствата со кои располага за општествена одговорност помага разни спортски клубови, здруженија, организации. Овој пат одлучивме во рамките на свеченостите на 28 август, Денот на рударите, дел од средствата да издвоиме за почеток со работа на електронскиот едукативен центар за дијабетeс во Битола.

Ова го направивме затоа што во последно време дијабетeсот, кој е мошне присутен во Битола, станува хронична болест. Со оглед на тоа што болните од дијабетeс не се многу запознати со причините и последиците од оваа болест, одлучивме ние да го помогнеме отворањето на електронскиот едукативен центар – изјави претседателот на Синдикалната подружница на РЕК „Битола“, Менде Фидановски.

Заблагодарувувајќи се за искажаната помош, да го помогнат отворањето на електронскиот едукативен центар претседетелката на Здружението на дијабетичари на Битола, Душанка Атанасовска, изјави дека со помош на едукативниот центар сите болни, или потенцијално предиспонирани лица за заболување од оваа болест ќе можат да се запознаат со сѐ што е значајно за дијабетeсот.

Електронскиот едукативен центар ќе биде достапен на сите болни од дијабетeс, не само во Битола, туку и во другите градови во Македонија.

– Поради драстичното зголемување на заболени од дијабетeс во Битола ние го отворивме овој електронски едукативен центар, а планираме во иднина да држиме и научни предавања на кои ќе каниме предавачи не само од Битола, земјата, туку и пошироко од светот. Преку електронскиот едукативен центар граѓаните ќе можат да се информираат за сѐ што е поврзано со оваа болест бесплатно – изјави претседателката на Здружението на дијабетичари во Битола, Душанка Атанасовска.

М.М.