Не само што ја подобрија хидролошката состојба во земјава, првите пролетни дождови дојдоа како вистински спасител од пожарите, кои беа активни во повеќе делови од Кичевијата и Поречието и барем на одредено време е отстранета опасноста од ваков вид непогоди, предизвикани во најголем дел, од човечка негрижа.

-Благодарение на првите пролетни дождови, кои наврнаа деновиве, целосно се ликвидирани и последните огнени жаришта што беа активни во нашиот регион кај селата Букојчани и Туин. Како природата да ги послуша нашите молби да заврне дожд, кој секако ќе помогне опасноста од нови пожари на отворен простор да ја снема барем во одреден период. Се надеваме дека овие дождови нема да бидат единствени и очекуваме да ги има почесто, што ќе придонесе пожарите да бидат многу ретки или воопшто да ги нема. Токму долготрајната суша и човековата негрижа имаа најголем придонес да имаме и премногу пожари во период од годината кога тоа не е вообичаено. Од показателите добиени низ истражувањата за пожарите во текот на годините, оваа пролет влегува во редот на рекордните по бројот на пожари на отворен простор. Факт кој сите нас треба да не загрижи- вели Леоне Станишоски од ПО на ДЗС-Кичево.

Зоран Антоски