КАРПОШ

Општина Карпош им додели 5.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на детските градинки и на основните училишта. Во градинките, маските ќе бидат наменети за воспитниот и за техничкиот персонал, а во училиштата, за наставниот кадар и за учениците (штом започне второто полугодие од учебната година).
Градоначалникот Стефан Богоев истакна дека дел од маските ќе се поделат и во геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Злокуќани, во „СОС детското село“, групниот дом во Козле, како и по повеќе урбани заедници.
Инаку, заштитните повеќеслојни маски претставуваат донација од фирмата „Белгравиа инвест“ ДООЕЛ Скопје.
– Благодарни сме за покажаната општествена одговорност и грижа за заедницата – рече Богоев.
Општината ги повикува сите граѓани да продолжат со одговорното однесување. Да се почитуваат заштитните мерки, континуирано да се носат маски, да се врши дезинфекција и да се одржува дистанца. Карпош продолжува да биде поддршка на граѓаните и јавните установи за намалување на последиците од ковид-19.