ГЕВГЕЛИЈА

На последната седница на Советот на Општина Гевгелија, како дополнителна 10-та точка од дневниот ред, по иницијатива на градоначалникот Сашо Поцков, се најде предлог-одлуката за донирање 100 илјади денари за фудбалерот на ФК Кожув – Гевгелија, Ѓорги Џонов од Пирава, Валандово. Членовите на советот едногласно ја поддржаа оваа иницијатива на Поцков, со што ја донесоа одлуката за издвојување средства од буџетот на Општината. Парите ќе бидат префрлени на жиро-сметката за донации и наменети за делумно намирување на трошоците за потребното лекување и престој во Турција, за што е потребна сума од 100.000 евра.
Ова 29-годишно момче, кое ја води битката за освојување на најголемиот медал – победа на болеста, уште од 12-годишна возраст игра и е максимално посветено на фудбалските терени.
Неговите сограѓани и соиграчи го опишуваат како скромно и воспитано момче.