Фото: Зоран Антоски

Изградбата на затворениот пливачки базен во Кичево, накратко  ја успори дислокацијата на канализациска цевка  од училиштето „Санде Штерјоски“, во чиј двор е лоциран  затворениот базен. Така деновиве екипи на комуналното претпријатие работеа на изградба на нова траса на канализациската цевка, што беше неопходно да се изведе поради локацијата на новиот базен, што е дел од проектот на Агенцијата  за млади и спорт, за изградба на затворени базени ширум нашата земја.

Од општината очекуваат изградбата на базенот да продолжи со зголемен интензитет.

– Проблемот кој се појави во текот на изградбата на затворениот пливачки базен во нашиот град, беше неопходно да се реши со дислокација на канализациска цевка од училиштето, за да продолжи изградбата на базенот. Така, деновиве екипи на комуналното претпријатие работеа на дислокација на фекалната цевка од училиштето, која поминуваше на местото каде се гради базенот. Овој зафат ја успори изградбата на базенот, а по завршувањето на овој зафат градежните работи очекуваме да продолжат со зголемен интензитет – истакна Емин Насуфи од Општина Кичево.

Инаку во дворот на училилиштето покрај новиот пливачки затворен базен е лоцирана и новата детска градинка „Ластовичка“ која и официјално е отворена минатиот септември и каде се згрижени 120 деца до шесгодишна возраст.