Ресен

И покрај актуелните состојби со здравствената пандемија предизвикана од коронавирусот, а со намера да се искористи и отсуството на децата и персоналот во објектот, Општина Ресен забрзано ја реконструира детската градинка близу основното училиште „Гоце Делчев“. Целокупната вредност на адаптацијата на градинката ќе изнесува 20.800.000‬ денари, а средствата за овие грантови се обезбедени со поддршка од Светска банка.

– Градинката ќе биде адаптирана според највисоки светски стандарди и ќе има капацитет од 120 деца. Во овој период во полн ек продолжуваат градежните работи за адаптацијата на објектот, кој ќе добие многу подобри услови за престој на децата и за работа на ангажираниот персонал во оваа предучилишна установа – велат од локалната самоуправа на Општина Ресен.