Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, во општината Новаци во последно време доста се инвестира во предучилишното и основното образование.

Со најновата инвестиција општина Новаци наскоро за првпат ќе добие детска градинка која ќе се затполува од обновливи извори на енергија, односно биомаса.

Оваа инвестиција е обезбедена преку проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка меѓу Грција и Македонија 2014-2020 година.

Детската градинка во Новаци која го носи името „Бамби“ претставува комплетно нов и модерен објект, кој ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и обезбедува современи услови за згрижување и престој на 50 деца од општина Новаци.

Градинката располага со сите потребни услови, помагала и простории за престој на децата и за нивно воспитување, а дворот е уреден со забавни површини.

Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени следствено од Буџетот на општина Новаци во висина од околу 5,2 милиони денари. М.М.