Денот на училиштето 24 април го одбележа ЦОУ„ Христо Узунов“ од село Другово. По тој повод во училиштето беше организирана културно –уметничка програма. На најистакнатите ученици кои освоија први, втори и трети награди на литературниот конкурс, натпреварот по англиски јазик и на првенецот на генерацијата Петранка Спасеноска им беа доделени дипломи и книги.

-Со повеќе свечености денес го одбележавмe Денот на училиштето 24 април. Свеченоста беше отворена со националната химна и песната за Христо Узунов, изведени од нашиот хор. Потоа на учениците кои освоија едно од првите три места на литературниот и на конкурсот по англиски јазик им доделивме книги и дипломи. Исто така награда доби и првенецот на генерацијата Петранка Спасеноска. На крајот од страна на нашето училиште беше организирана аукција на прехрамбени артикли и други изработки, а средствата од оваа аукција ќе бидат наменети за тековните потреби на училиштето- рече Биљана Анѓелеска директорка на училиштето.

З.А.