Заради спојување на водоводни линии со главниот цевковод, денес и утре ќе има прекин во водоснабдувањето на делови од Кичево и неколку селски населби, кои со вода за пиење се снабдуваат од градскиот водовод.

-Денес и утре прекин со водоснабдувањето ќе има на улиците „Партизански Одреди“, населбите Влашки Пат, Горно Пашино и Под Крушино, селата Осој, Трапчин Дол и Мамудовци и касарната „Чеде Филипоски-Даме“. Во овие два дена жителите од овие улици, населби и села, со вода за пиење ќе се снабдуваат од цистерни на ЈКП „Комуналец“ кои во повеќе наврати ќе поминуваат во местата каде што ќе има прекин со водоснабдувањето- информираа од Јавното претпријатие.

Откако беа променети повеќето застарени азбестни и метални цевки со нови ПВЦ цевки, проблемите со честите дефекти и прекини со водоснабдување речиси ги нема, а загубата на вода е минимална, што не беше случај во претходните децении.

З.А.