Регионалниот пат од Охрид кон Свети Наум денеска од 13 часот се затвора за сообраќај во должина од 600 метри поради изведување на градежни работи.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека ќе биде затворен патот од Билјанини извори кон хотелот Славија во должина од 600 метри.

Забраната ќе трае до крајот на изведување на градежните работи.