Дел од Кавадарци ќе остане без вода за пиење до 15 часот поради два дефекта во водоводната мрежа, информира Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при Јавното претпријатие “Комуналец”.

– Без вода ќе бидат жителите од улиците “Љубашка”, “Народна младина”, “Словенска”, “Игман”, “Солунска глава” и неколку помали улуци. Ги молиме корисниците на вода за пиење за разбирање- вели Димитриева.

Екипи на претпријатието се на терен и интензивно работат на надминување на проблемот и нормализирање на водоснабдувањето во тој дел на градот.