Дел од Демир Капија денеска е без вода за пиење до околу 14 часот, поради голем дефект на главната водоводна мрежа.

Без водоснабдување утрово од осум часот се жителите од улиците „8-ми Март” и „Питу Гули”.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Бошава”, Петар Јованов изјави дека интензивно се работи на терен и се очекува проблемот да биде надминат најбрзо што може со цел нормализирано водоснабдување.