Берово

Општина Берово, во соработка со ЈПКР „Услуга“, продолжува со дезинфекција на сите јавни објекти, на влезовите во маркетите, на оние места каде што вообичаено фреквенцијата на луѓе е поголема. Надлежните упатуваат апел до граѓаните и понатаму да продолжат да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и на Владата.

– Општина Берово им е на располагање, со помош и поддршка, на граѓаните на кои им е потребно, преку мобилниот тим и волонтерите ангажирани преку УНДП за набавка на лекови, средства за хигиена и други намирници – соопштуваат од Општина Берово.