Струмица

Општина Струмица со сите свои ресурси е вклучена во спречување на ширењето на коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните. Вработени од ЈПКД „Комуналец“ и територијалната професионална противпожарна единица машински и рачно извршија дезинфекција на градскиот плоштад. Исто така, дезинфицирани се и другите големи јавни површини, најфреквентните сообраќајници во градот и комплетната урбана опрема.
Од локалната самоуправа на Општина Струмица информираат дека ЈПКД „Комуналец“ и територијалната професионална противпожарна единица ќе продолжат да ги дезинфицираат и преостанатите делови од градот во наредниве денови.