Кавадарци

За да се спречи ширењето на коронавирусот во Кавадарци, почна дезинфекцијата на сите возила на трите влезови во градот, на станбените згради, на урбаната опрема и на јавните површини.
Се дезинфицираат возилата што влегуваат и транзитираат од влезот на Западен булевар кај бензинската на „Макпетрол“, од влезот на Западен булевар кај капелата на градските гробишта и од влезот на населбата Глишиќ. Дезинфекцијата на влезовите во градот е подобрена така што се поставени дополнителни душеци со дезинфекциско средство.
– По задолжението што произлезе од одржаниот состанок на Кризниот штаб на Општина Кавадарци, службите на „Мој општинар“, инспекциското одделение и другите вработени од локалната самоуправа извршија дезинфекција на сите станбени згради, заеднички простории, скали и лифтови на територијата на Општина Кавадарци. Дезинфекција се изврши и на детските реквизити и урбаната опрема во парковите и детските игралишта – информираат од Општина Кавадарци.