Со дегустација на тиквешка раванија подготвена по рецептот на нашите баби со природен маџун од грозје, денеска во библиотеката „Феткин“ во Кавадарци започнува чествувањето на најважниот празник на лозарите Свети Трифун. Приказната за маџунот се верува дека е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата според археолошките истражувања и во еден од најстарите региони со плантажи на грозје „Белград“, одгледувањето на виновата лоза гради своја традиција стара повеќе од 2 000 години. Маџунот во Тиквешијата е производ кој се консумира во секое семејство.

Тој е најдобриот природен засладувач, најдобар извор на енергија и здрав прехрамбен производ кој може да се користи како лек. Скојдневната консумација на маџунот придонесува за подобрување на целокупното здравје.

– На ова мало парче земја низ годините народот создавал големо богатство. Едно од најубавите наследства кои ги имаме се традиционалните и неповторливи рецепти. Во градот под виновата лоза највкусната храна се прави од грозје, а само од неговиот сок се добива произвд со карактеристичен мирис и слатко-кисел вкус – со овие зборови „Би-би-си“ на македонски пишуваше за чудото од лек кое потекнува од Тиквешијата – неговото височество маџунот.

За среќа во последната деценија се поголем е бројот на производители на маџун во домашни услови, што е за поздравување, исто како и прекрасната идеја на библиотеката „Феткин“ во Кавадарци читањето на книгата и презентацијата на слатката и вкусна тиквешката рванија ги спои во една во чест на празникот Св. Трифун.

Чествувањето на празникот Св. Трифун ќе продолќи со реализирање на традиционалната поетска вечер насловена како „Пехарот на Св. Трифун“ која ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“. За утре во 12 часот е предвидоно отворањето на изложбата под наслов „Големи и мали“ на познатиот кавадаречки ликовен уметник Владимир Темков“ во галеријата на домот на културата.

Третиот културен настан се случува в сабота во 19.30 часот, за кога е предвидена премиерата на театарската претстава „Не се клади на енглези“ работена според
текст на Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Диме Коцевски, во изведба на театарот од домот на културата „Иван Мазов Климе“. Ми.М.