Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Тетово и Гостивар денес го организираше деветтиот републички натпревар во табла. На него учествуваа 32-ца натпреварувачи од 14 градови од Македонија.

-Навистина е голема чест што Мобилност Македонија ни искажуваат доверба секоја година во изминатите девет наврати ние да го организираме нетпреварот во табла, изјави претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Тетово и Гостивар Велибор Јаќимоски.

Тој посочи дека очекува од локалната самоуправа, со која како што рече  имаат добра соработка и помош за разни активности, да преземе повеќе мерки за пристапност на паркинзите, влезот во општината и пристапни рампи на повеќе места со цел да им се олесни движењето на оваа категорија лица.

Согласно девизата „Ништо за нас без нас“ очекуваме помош од општината во нашите желби  лице со телесен инвалидите да биде дел од Советот на општината, рече Јаќимоски.

Оваа година на настанот присуствуваше и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи која рече дека денешната активност а само продолжување на нивната подршка за Мобилност Тетово и Гостивар.

-Ние сакаме целосно вклучување на сите граѓани во живото во општината и оваа соработка само може да придонесе во оваа насока. Во принцип интезивно работима за ослободување на тротоарите за слободно движење не само на лицата со телесен и друг инвалидите, туку и за сите граѓани и тоа ќе го продолжиме и покрај негодувањата што ги добиваме. Во новите проекти за училиштата даваме предност на полесен пристап на децата и луѓето со инавлидите- изјави Арифи.

Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Тетово и Гостивар има евидентирано повеќе од 750 члена.