Општината Битола објави јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општината за помош на здруженијата на граѓани и фондациите, како и спортските клубови во Битола.

Според јавниот повик, Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска имаат намера од општинскиот буџет да издвојат 1.000.000.00 денари за помош на здруженијата на граѓани и фондациите, а исто толку пари од 1.000.000.00 денари планираат да издвојат и за спортските клубови и здруженија.

Според јавниот повик секое здружение, или спортски клуб може да добие најмногу до 50.000 денари.

Вакавата дарежливост на локалната власт, од страна на опозицијата Битола ја коментираат како предизборно купување на гласови пред претстојните предвремени парламентарни избори.

М.М.