Генералниот конзулат на Грција и грчката компанија за продажба на детска храна и маслиново масло, „Цандиа-АБЕА“, со седиште во Скопје, денеска донираа играчки, училишен прибор и производи од грчко маслиново масло во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Подароците им беа предадени на одговорните на Домот од страна на грчкиот конзул во Битола, Ахилеас Ракинас, и на сопственикот на компанијата „Цандиа-ΑБΕΑ“, Димитрис
Вергицис, во присуство на шефот на канцеларијата за јавна дипломатија на грчката амбасада во Скопје, советникот за комуникација, Константинос Прокакис.

Инаку, во Домот за доенчиња и мали деца во Битола се сместени околу 40 доенчиња и деца на возраст до 14 години, кои живеат во пет различни домови под надзор на негователки кои обезбедуваат семејна грижа. М.М.