Граѓанското движење „Против коцкање“ од Тетово на прес-конференција соопшти дека објектот за обложување во Мала Речица веќе интензивно се подготвува за
отворање, и покрај одлуката на Управниот суд, според која не ги задоволува законските услови за работење. Тие бараат МВР, тетовската полиција и другите институции да постапуваат по ова прашање.

– Ние сме одлучни да ја тераме оваа битка до крај, да имаат до знаење, нема да дозволиме да се отвори ова казино. Како монтирале и толку бргу ќе го го затворат. Ако сметаат дека процесуирањето на овој случај е атак кон нив, ние ова дело го сметаме како крајна злоупотреба која ќе ја демаскираме со име и презиме – рече Џемал Абдиу.

Тие велат дека и понатаму ќе се обидуваат да ги сменат законските одредби преку нивни барања за амандмани во врска со законот за игри на среќа. Главното барање е објектите за игри на среќа да бидат на три километри од последната куќа во населено место. А.С.