Со проектот Нордиска поддршка за напредок на Република Македонија, денес во просториите на општина Македонски Брод, беше потпишан договорот за грант во износ од 90 илјади евра, обезбедени од Норвешката Влада и имплементирани преку канцеларијата на Обединетите Нации за проектни циклуси УНОПС.

Средствата од овој грант ќе бидат наменети за изградба на фекална канализација со пречистителна станица во село Суводол, оддалечено неполни 5 км од општинскиот центар, Македонски Брод.

 Најпрво со изградбата на пречистителната станица за фекални отпадни води во општина Кичево и изградбата на попатните пречистителни станици, како што ќе биде оваа во село Суводол, водата во реката Треска ќе биде многу почиста и ќе ги задоволува меѓународните стандарди, што во иднина  од нашата земја го бара и ЕУ.