Кавадарци

Кавадарци има нов скејт-парк. Во него има неколку елементи – кутии за стругање, рампа, централен комбиниран елемент. Од реквизити, има цевка и права шина профил.
– Платото за рекреација и забава на младите скејтери од Кавадарци зафаќа површина од 770 квадратни метри, а се наоѓа веднаш до јужниот влез во спортскиот центар, од страна на улицата Вишешница.

Поставено е и еколошки штедливо лед-осветлување на четири високи столбови, со два рефлектори, кои се напојуваат преку подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување – велат во општината.
Околу скејт-паркот се поставени и урбана опрема, клупи за одмор и канти за отпадоци.