Брзата промена на времето во земјава, во текот на денот предизвика повеќе бранови врнежи од дожд и град во одредени региони, што им донесе многу неприлики на жителите од повеќе села во Кичевско.

Најголемата штета ја предизвика градот во јужниот дел од општината, каде во повеќе села невремето направи големи штети врз овошките и градинарските култури.

Во тој бран настрадаа културите во селата Пополжани, Подвис, Србјани, Другово, каде штетата врз овошките и градинарските култури е голема и која дополнително треба да се утврди.

– По три сиромашни години се понадеваме дека годинава ќе имаме добар род и така беше до утринава кога градот направи големи штети и го преполови родот на јаболката, а оние што останаа ќе бидат со полош квалитет од оној што го имаа до вчера – се пожалија разочараните овоштари од Кичевско.